И покрај тоа што е во центарот на вниманието овие денови поради напуштањето од жирито на „Ѕвездите на гранд“ Карлеуша најде време да се одмори и тоа поради многу убав повод.
Имено нејзините две ќерки Атина и Ника го прославуваат својот роденден во ист ден, а по тој повод нивната мајка им приреди изненадување по кое мечтаат многу деца.
View this post on Instagram
Роденденското патување се одвива во Париз, а пејачката по тој повод сподели и фотографии на пат кон градот на светлината.
„Бебињата ми наполнија 12 и 13 години, а мама ќе ги носи во Париз“, напиша пејачката на фотографијата на која позираат славеничките.