четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Заработува милиони во НБА, а летото го минува спасувајќи животи: На славниот кошаркар му се воодушевува цела планета

Заработува милиони во НБА, а летото го минува спасувајќи животи: На славниот кошаркар му се воодушевува цела планета

Славниот шпански кошаркар Марк Гасол се придружи во организација за спасување на животите на мигрантите од Африка кои се обидуваат преку морето да дојдат до европскиот брег.

Бродовите на организацијата „NGO Proactiva Open Arms“ патролираат по Медитеранот, како евентуално би учествувале во акцијата за спасување на Афринкаците, кои ризикуваат се како би обезбедиле подобар живот за себе и своите најблиски.

Шпанскиот кошаркар во вторникот учествуваше во акција за спасување на Камерунка која полусвесна пловеше на отвореното море.

-Бес, лутина, немоќ. Неверојатно колку луѓе се препуштени сами на себе на морето. Му се воодушевувам н а тимот на кој му се приклучив, тие не седат со скрстени раце, напиша Гасол.

Жозефина имала среќа, но уште една жена и дете кои биле во чамецот немаа.

Гасол одлучи да се приклучи на оваа организација кога виде фотографија која го помина светот, фотографијата од малиот удавен Ајлан Курди на брегот на Турција.

Најнови вести