вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗАВИЕНА ВО ЦРНО СЕ ПОЈАВИ ВО ГРАНД ПРОДУКЦИЈАТА: Ана Бекута повторно на снимање, на едно прашање едвај успеа да одговори (ФОТО)

ЗАВИЕНА ВО ЦРНО СЕ ПОЈАВИ ВО ГРАНД ПРОДУКЦИЈАТА: Ана Бекута повторно на снимање, на едно прашање едвај успеа да одговори (ФОТО)

Пејачката Ана Бекута, која првпат настапи за дочекот на Новата година по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, се врати на снимањето на Ѕвездите на Гранд во кое е долгогодишен член на жирито.

Ана направи кратка пауза по големата загуба, но сепак се врати во јавноста и ги воодушеви фановите кои ја следеа од сабота до сабота на малите екрани.

Таа се појави цела во црна комбинација и со насмевка застана пред новинарите, шегувајќи се со нив, но на прашањето како се чувствува кратко одговори.

– Тажно, но нема да зборувам за тоа, рече Ана и веднаш се повлече.

Да потсетиме, четириесетдневниот помен за Милутин Мркоњиќ се одржа на 6 јануари на Новите гробишта во Белград. Пејачката Божиќ го поминала надвор од Белград, кога со внукот посетила манастир во Босна и Херцеговина, а за внуците истакнала дека тие и биле најголемата утеха по смртта на Мрка. Покрај нив и лојалната публика и музика.

Најнови вести