Атрактивната Теодора Џехверовиќ деновиве е исклучително активна на социјалните мрежи, па нејзините провокативни видеа привлекуваат воздишки кај машката популација.
Од друга страна, добива и поплаки дека видеата полека стануваат вулгарни.
Она што го објави сега наиде на различни мислења од нејзините следбеници.
Теа објави фотографија од новата тетоважа, односно со нејзината следна, на долниот дел на грбот.
Станува збор за три бројки 777, а нивната симболика е многу интересна:
„Ослободете се од вашите стравови, престанете да контролирате, пронајдете ја вашата внатрешна сила“.
Некои ја нарекуваат и серијата броеви 777 БОЖЈИ КОД.