Актерот Мајк Хејгерти, познат на домашната јавност по епизодната улога во серијата „Пријатели“, почина денеска на 67-годишна возраст.
Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговата добра пријателка Бриџит Еверет со која глумеше во шоуто „Somebody Somewhere“.
„Со голема тага семејството на Мајкл Хагерти објави дека тој почина денеска во Лос Анџелес. Неговата љубов кон родното Чикаго и неговото семејство беа темелите на неговиот живот“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
„Го засакав Мајк од моментот кога го запознав, тој беше посебен, топол човек, духовит“, додава неговата колешка во објавата.
Потсетуваме дека во популарната серија „Пријатели“ се појави во втората сезона во улогата на господин Тригер, задолжен за одржување на зградата во која живееја Моника, Рејчел, Џои и Чендлер.
Последен пат во оваа хит серија се појави во осмата сезона, кога ги насмеа сите со своите сцени во кои вежба танц со Џои.