Младата лавица Бахати, родена во Зоолошката градина во Далас е лавчето кое го „глумело“ легендарниот Симба во новото издание на филмот „Кралот лав“.
Кога имала само еден месец, вработените во Зоолошката ја снимале како се движи и однесува и видеото го испратиле во Дизни.
Голем дел од нејзините движења се искористени за да се направи моделот за ликот на Симба за новиот филм кој веќе го освојува светот.
Лора Баумхарт која е специјалист за месојадци во Зоолошката градина вели дека Бахати е една од најпопуларните лавици во земјата.
-Имавме можност да ја снимиме кога проодуваше, кога прв пат јадеше месо, кога почна да трча и да се качува по камењата во живеалиштето, да си игра со предмети…, истакнува Баумхарт .
Интересно е тоа што Бахати на јазикот Свахили значи „Среќна“. Таа го добила ова име бидејќи сите претходни бремености на нејзината мајка завршиле со мртвородено младенче.
Воедно, малата Бахати е првото лавче родено во оваа Зоолошка градина по 40 години.