Тара Симов и Менсур Ајдарпашиќ синоќа се степале со вербална пресметка, а се’ кулминирало со тоа што на Тара потоа и се слошило, што кај учесниците предизвикало паника и загриженост откако едвај некако успеале да ја смират.
Тара излегла пред Белата куќа и речиси се струполила на скалите, а набргу и почнала да се жали на болки во пределот на градниот кош. Во одреден момент имала тешки тикови, врескала и се грчела, превртувајќи очи и жалејќи се дека не може да дише. Сите се исплашиле, па дури мислеле дека колешката ќе доживее срцев или мозочен удар, бидејќи и претходно, пред три дена не и било добро.
По некое време, Тара почувствувала олеснување и посакала да се врати внатре.
„Ми дојдоа солзи на очи, но левата рака не ја чувствувам“- рекла Тара, а потоа присутните виделе дека левата рака не и функционира и ја кренале за да побараат помош.
Погледнете ги моментите на здравствена агонија на Тара Симов во видеото во продолжение: