среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Израелско-ирански филм сниман во тајност, прикажан на фестивалот во Венеција

Израелско-ирански филм сниман во тајност, прикажан на фестивалот во Венеција

Првата заедничка продукција во режија на ирански и израелски филмаџии е направена во тајност за да се спречи можно мешање од Техеран, изјавија за Ројтерс режисерите Зар Амир Ебрахими и Гај Натив.

Филмот „Татами“ беше премиерно прикажан и проследен со овации на филмскиот фестивал во Венеција. Во фокусот на овој трилер е светското првенство во џудо. Дејството на филмот се одвива во текот на еден натпреварувачки ден. На иранскиот шампион му било наредено да лажира повреда за да избегне потенцијален меч со израелскиот натпреварувач.

Ебрахими и Натив го снимиле филмот во Грузија, земја која Иранците лесно можат да ја посетат. Тие престојувале во посебни хотели, зборувале англиски и не дозволувале да се знае дека снимаат филм со политичка тема.

-Знаев дека таму има многу Иранци, па се обидовме да останеме смирени и таинствени, вели Амир Ебрахими, наградувана актерка која исто така глуми во филмот.

-Бевме прикриени. Знаевме дека тоа е опасна работа, рече Натив.

Иран не го признава постоењето на Израел и им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат против Израелци.

Во инцидентот што го инспирираше филмот „Татами“, Меѓународната џудо федерација му одреди на Иран четиригодишна забрана во 2021 година поради притисок врз еден од неговите борци да не се соочи со Израелец.