Американскиот режисер Мартин Скорсезе го почна снимањето на новиот филм „Убијците на цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), заснован на истоимениот роман од 2017 година од Дејвид Грен. Снимањето започна во американската сојузна држава Оклахома.
– Возбудени сме што конечно ќе започнеме со снимањето на филмот „Убијци на цветната Месечини“ во Оклахома. Можноста да ја раскажеме оваа приказна на местото каде што се одвивала, е прилично важна за да се опише времето и луѓето, рече Скорсезе.
Романот на Грен е напишан во 1920-тите и говори за Оклахома, каде што припадници на домородното племе Ниуконска биле убиени затоа што нашле нафта на нивна територија… Претходно се очекуваше дека главната улога во филмот ќе ја има оскаровецот Леонардо ди Каприо, но последните податоци говорат дека тој нема да глуми и е заменет со Џеси Племонс, познат по сериите „На лош пат“ (Breaking Bad) и „Фарго“.
Познато е дека во филмот ќе глумат и Роберт де Ниро, Лили Гледстон, Танту Кардинал, Кара Џејд Мајерс, Џејн Колинс, Луис Канселми и други.
Датумот на прикажување на филмот сè уште не е објавен.