четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Погледнете ја најавата за првиот македонски краток CGI SCI-FI филм

Погледнете ја најавата за првиот македонски краток CGI SCI-FI филм

Конструкт 42 е името на првиот македонски краткометражен анимиран „sci-fi“ филм кој нè носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото.

Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќе интернационални анимирани филмови.

Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата ја врши Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ.

Конструкт 42 треба да ја има својата премиера во 2021-ва година.