вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Приказната за децата херои ќе ја дознае целиот свет: Холивуд веќе подготвува филм за спасувањето на тајландските момчиња

Приказната за децата херои ќе ја дознае целиот свет: Холивуд веќе подготвува филм за спасувањето на тајландските момчиња

Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде е во тек акцијата за спасување на момчињата кои се блокирани во пештерата, јави Би-би-си.

Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата која се уште трае, Смит изјави дека „ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи”.

Спасувачите се подготвуваат за третата фаза од спасувањето.