четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Сиена Милер за интимните сцени со Афлек: „Никогаш во живот не сум се смеела толку многу“

Сиена Милер за интимните сцени со Афлек: „Никогаш во живот не сум се смеела толку многу“

Актерката Сиена Милер гостувала во емисијата „Шоуто на Дру Баримор“ и открила како изгледала работата со Бен Афлек во филмот „Live by night“ од 2016 година.

Уште во интервјуто во 2017 година актерката открила дека таа и Бен одлично соработувале и дека има само убави спомени од снимањето на филмот.

„Бен и јас сме како брат и сестра, фала му на Господ немаше непријатности. Имаше само многу глупаво смеење. Тој е многу професионален – јас не сум, но тој е. Се на сè тоа беше кул сцена“, изјавила во таа прилика актерката.

Овојпат во телевизиската емисија на Дру Баримор, Сиена открила малку повеќе детали и кажала дека нејзе и на Афлек им недостасувала хемија.

„Никогаш во животот не сум се смеела толку. Тоа навистина го мислам. Имавме нула хемија. Беше хистерично. Требаше да бидеме заљубени. Но, не можевме да бидеме помалку привлечни еден на друг. Тој има огромна глава, јас имам мала, па мораа да ме стават малку пред него, дури и во два кадри. Одвај го гледав затоа што постојано се смееше“, изјавила актерката.