понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Лебланк го откри најодвратниот детаљ од снимањето на „Пријатели“

ВИДЕО: Лебланк го откри најодвратниот детаљ од снимањето на „Пријатели“

Актерот Мет Лебланк во емисијата на Грејем Нортон го откри најодвратниот момент од снимањето на „Пријатели“.

Стануза збор за епизода од шестата сезона, кога Рејчел припрема урнебесна комбинација на десерт со месо, а Рос и Џои глумат дека уживаат во питата.

Говорејќи за таа сцена, Лебланк вели дека питата всушност била направена од банана и шлаг, што не било одлично се додека не дознал еден детаљ.

Во таа епизода Џои ужива во јадењето, па дури и краде дел од чинијата на Рос.

-Имаше премногу на неговата чинија, почна да јаде, но не можеше да изеде се, почна да се смее па ја прекинавме сцената. Тогаш тој плукна во чинијата. Седев до него, но бев завртен на другата страна и ништо не забележав, објаснува Лебланк.

Несвесен што се случило, Лебланк потоа земал парче од чинијата на Рос и ја изел пред камерите.

-Снимаме повторно, јадев и ја завршивме сцената. Никој ништо не ми кажа.

Вистината ја дознал дури кога ги гледале блуперс сцените.

Видео од целосната сцена: