вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

11 фудбалери сакаат да си заминат од Манчестер Јунајтед?

11 фудбалери сакаат да си заминат од Манчестер Јунајтед?

Англиските медиуми за состојбата на „Олд трафорд“ која не се смири и со промената на тренерот и 11 фудбалеи сакаат да ја напуштат екипата на Манчестер Јунајтед.

Сите помислија дека заминувањето на Оле Гунар Солскјер ќе ги реши проблемите, но по поразот на Јунајтед од Вулверхемптон, јасно е дека ниту Ралф Рангник не успеа да ги среди односите во соблекувалната.

Англиските медиуми објавија дека 11 фудбалери сакаат да го напуштат „Олд трафорд“, разочараните од нивната улога во тимот.

Играчите кои се чувствуваа маргинализирани додека Солскјер седеше на клупата, велат дека и кај Рангник имаат сличен или полош третман, а поголем дел од нив се жалат и на новиот систем на работа на менаџерот.

– Атмосферата во соблекувалната е лоша и ми се чини дека Јунајтед ќе има големи проблеми во иднина – вели анонимен извор за весникот „Мирор“.

Весникот пишува дека Џеси Лингард, Дони ван де Бек, Ерик Баји и Дин Хендерсон веќе побарале да бидат продадени или да им се овозможи да заминат на позајмица.