Oпштина Чучер Сандево, поточно село Глуво, несомнено делува и вложува во настан кој триумфираше со историски турнир во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Истиот е под генерално покровителство на општина Чучер Сандево, како и многуте соработки со бројни промотивни активности, забава и дружење на највисоко ниво.
Покрај формалното здружение тука се и граѓаните на село Глуво кои секојдневно и неуморно се трудат да овозможат културни и рекреативни настани за поттик и успешност на младината и задоволството на граѓаните и посетителите. Организациониот одбор при здружението КУЛТУРЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР ГЛУВО, ги охрабрува сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и награди.
Спектакуларното отворање на настанот е закажано за 14.07.2023, петок. Ова се дел од агендата и наградите: Неверојатен, но реален награден фонд во вредност од 300.000 денари за заслужните екипи: 1-во, 2-ро и 3-то место; Ансамбли со традиционални ора и танци кои ќе не потсетат на вредностите кои треба да ги негуваме и почитуваме; Незаборавен забавен дел со комплетен бенд и перформанс со женски и машки вокал од нашиот сосед Србија, како и многу други изненадувања.
„Пријавувањето на екипите е до 13.07.2023, со учество во вредност од 6.000 денари. Наше е да организираме, на Вас е да не почестите со вашето присуство и да уживате! 079 370 771 Maтеј – Ве очекуваме“ – порачуваат организаторите.