Сагата околу трансферот на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед и натаму продолжува. Холанѓанецот веќе неколку месеци се поврзува со трансфер на „Олд Трафорд“, а Барселона засега објавува дека не е на продажба.
Трансферот и натаму тешко се остварува, а сега се откриени и главните причини. Првата и најглавната е тоа што Де Јонг очекува исплата на заостанатите плати. И покрај тоа што Де Јонг прифати намалување на платата на 11 милиони евра годишно, Барселона треба да му исплати околу 20 милиони на долгови.
11 милиони за минатата сзона, плус 5 милиони за претходната сезона, и уште 4 милиони евра бонуси, се доаѓа до сумата која Де Јонг треба да ја земе од таборот на „Каталонците“.
Тоа е причината зошто овој трансфер се одолговлекува, иако Барселона има понуда од 80 милиони евра од Јунјатед, од кои 60 милиони веднаш и 20 милиони во бонуси. Се споменува сега дека Де Јонг е посакуван од Челси.