недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

22-годишен фудбалер жртва на престрелка во Франција

22-годишен фудбалер жртва на престрелка во Франција

Млад фудбалер во францускиот клуб Обањ го загуби животот откако настрада во престрелка со огнено оружје.

Се работи за Адел Сантана Менди, кој имаше 22 години. Тој бил жртва на огромен број истрели кои веднаш му пресудиле и починал на самото место. Оваа информација ја потврди и неговиот клуб Обањ. Полицијата во Марсеј пронашла дури 27 чаури на местото на смртта.

Инаку, во минатото Менди бил дел од младинските категории на Олимпик Марсеј, меѓутоа откако не успеал да се наметне заминал во ниските лиги во Франција.