Бразилскиот фудбалер Марсело се врати на „Маракана“, поточно во Фулминенсе, каде му беше приреден дочек за паметење. Левиот бек се врати во Флуминенсе, откако помина повеќе од една деценија во Европа.
Сцените од промоцијата, на кои присуствуваа повеќе од 30.000 луѓе, ја покажуваат врската помеѓу Марсело и гигантот од Рио де Жанеиро. Марсело во мај ќе го прослави својот 35 роденден, а сепак остава впечаток на играч способен да направи разлика.
“Се вратив дома во најдобрата животна возраст. Знам дека луѓето овде веруваат во мене и дојдов да се борам, да му дадам страст и уживање на овој народ”, изјави Марсело пред навивачите кои му создадоа атмосфера за паметење.
Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, во Флуминенсе дојде како слободен играч, откако во јануари по само шест месеци престој во Атина, спогодбено се раздели со Олимпијакос.