понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

6.417 жалби за Би-Би-Си поради Ериксен: „Откази за сите одговорни“

6.417 жалби за Би-Би-Си поради Ериксен: „Откази за сите одговорни“

Британската телевизија Би-Би-Си добила 6.417 жалби откако одлучила да не ја прекине програмата за време на реанимацијата на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој колабрираше и доживеа срцев удар на теренот на натпреварот против Финска.

Фудбалерот (29) се сруши на теренот во 43 минута од натпреварот против Финска. На помош дојде капитенот Симон Кјаер, кој му пружи прва помош, по што пристапија медицинските лица. По реанимацијата, Ериксен беше изнесен од теренот и хоспитализиран.

За разлика од многу телевизии ширум светот, Би-Би-Си не престана да го емитува оживувањето на Ериксен на „Паркен“. Поради ова тв станицата наиде на голема осуда, по што мораше да испрати службено извинување.

„Им се извинуваме на сите кои се навредија поради сликата од преносот. Преносот од стадионот го контролираат УЕФА и локалните оператори. По прекинувањето на натпреварот, го прекинавме преносот најбрзо што можевме.“– објави Би-Би-Си.

Новинарката Аш Шакар смета дека сите одговорни треба да добијат откази. Според неа сите одговорни за крупните кадри од лицето на Ериксен додека е реанимиран и кадарот од неговата сопруга треба веднаш да бидат отпуштени.

Бројот на жалби пристигнат до Би-Би-Си за Ериксен е многу помал од жалбите пристигнати кога почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора. Тогаш телевизијата прими рекордни 109.741 жалби.