вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

90 минути до Европско: Македонија вечерва против Грузија за историја

90 минути до Европско: Македонија вечерва против Грузија за историја
ФФМ

Македонија вечерва го игра најважниот натпревар од своето осамостојување во кој победа над Грузија во Тбилиси ќе и донесе дебитантски настап на едно Европско фудбалско првенство.

Во македонскиот табор владее оптимизам и верба во историски триумф, и покрај проблемите со кои се соочува селекторот Игор Ангеловски околу составот.

Поради позитивни тестови на Ковид 19, мечот на Динамо арената вечерва од 18 часот, ќе го пропуштат левиот бек Кире Ристески и напаѓачот Крсте Велкоски, а како гром од ведро небо во репрезентацијата одекна и информацијата дека поради проблеми со рбетот во составот ќе го нема и играчот од средниот ред Енис Барди. Настапот на неговиот соиграч од средината на теренот Аријан Адеми е неизвесен.

-Имаме респект за противникот, но тоа важи само за почетокот, ние играме за да го добиеме финалето, во овие момчиња верував од претходно, дојдовме да победиме, ова не е натпревар како секој друг, ова е натпревар за нас, за нашата историја, за Македонија“, изјави на вчерашната прес конференција Ангеловски.

Комплетна, сепак, нема да биде ниту Грузија, откако вчера и официјално беше потврдено дека Хвича Кварацхелија и Леван Шнегелија нема да бидат во составот на домаќините поради позтивни тестови на коронавирус.

извор: Дриблинг.мк