Еден од најдобрите македонски репрезентативци од средниот ред Аријан Адеми, нема да биде во составот на селекторот Игро Ангеловски за вечерашниот дуел со Полска.
На веб-страницата на ФФМ попладнево е потврдено отсуството на Адеми на квалификацискиот натпревар во Варшава за пласман на ЕУРО 2020.
Фудбалерот на Динамо Загреб поради повреда нема да биде во комбинација за настап. На последниот натпревар против Словенија, Адеми доби удар во левото стопало и беше заменет во 77. минута од дуелот.
Поради повреда дуелот на македонската репрезентација со Полска ќе го пропуштат и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски.
Стартот на натпреварот е закажан за 20:45 часот. з