среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Адеми и Ристовски добија нов тренер

Адеми и Ристовски добија нов тренер

Mакедонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски добија тренер за пролетниот дел од шампионатот. Тоа ќе биде Жељко Копиќ кој привремено го замени Дамир Крзнар на кормилото. Хрватскиот првак сега му даде комплетна доверба на Копиќ да го предводи тимот од клупата, а истовремено ќе ја врши и функцијата спортски директор.

Динамо Загреб напролет ќе има мисија да ја одбрани шампионската титула во Хрватска, а во нокаут фазата од Лигата на Европа ќе игра против Севилја.