Фудбалскиот клуб Динамо Загреб од вечерва и официјално е старо-нов шампион на оваа земја.
До 22. титула во својата историја дојде на дербито против Ријека на кое составот од Загреб доминираше и се избори за славје од 5-1.
Домаќините го отворија резултатот уште во првата минута преку Менало, а токму тоа како да ги разлути избраниците на Крзнар кои во продолжението не само што направија пресврт туку и го понижија ривалот во неговиот дом.Нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски влегоа во игра во вторит дел, првиот во 62, а другиот во 72 минута.
Динамо оваа одлична сезона ќе може да ја заокружи со триумф и во Купот каде за ривал ќе го има составот на Истра. Тој натпревар се игра на 19 мај.