Репрезентацијата на Македонија го одржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови“ арената во Варшава каде утре од 20:45 часот игра против Полска во натпревар од квалификациите за ЕП 2020.
Аријан Адеми и Иван Тричковски не тренираа поради повреди и се под голем знак прашалник за настап во утрешниот натпревар.
Алиоски кој вчера не тренираше, денеска работеше со тимот и најверојатно ќе биде спремен за игра.