Фудбалерот на репрезентацијата на Македонија Аријан Адеми и официјално потпиша договор со Пекинг Гуан.
Адеми од 20-ти март и официјално ќе биде играч на кинескиот клубот, додека Динамо ќе добие оштета од еден милион евра.
Информациите од Кина се дека Адеми постигнал договор според кој ќе заработува 1.65 милиони евра по сезона за три години што значи дека македонскиот репрезентативец ќе заработи околу пет милиони евра кога ќе се додадат и одредени бонуси.
Од Динамо каде што е од 2010 година Адеми ќе се прости со натпреварот против Ријека на 19-ти март, а заминува како најтрофеен играч во историјата на клубот.
Адеми со Динамо освои: 11 титули во првенството, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска. Дресот на „модрите“ го носеше на 358 натпревари, постигна 41 гол и додаде 30 асистенции.