Динамо Загреб остана на +2 на врвот на табелата во првенството на Хрватска откако „модрите” вечерва со пресврт во финишот стигнаа до триумф од 1-2 во пресметката со Ријека, херој на гостите беше нашиот Аријан Адеми.
Модрите“ во финишот од мечот направија пресврт, најпрво Емрели изедначи на 1-1 во 79. минута, за Аријан Адеми да погоди во 86. минута за 1-2 и големо славје.
Дарко Велковски играше до 82. минута за домашниот тим, додека пак Стефан Ристовски исто така беше стартер за Динамо Загреб, но излезе од игра во 77. минута.