Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед потпиша денеска договор вреден 900 милиони фунти (1.048) милијарди евра) со „Адидас“, обновувајќи ја со тоа соработката со германскиот производител на спортска опрема за уште десет години.
„Адидас“ е официјален спонзор на Јунјатед од сезоната 2015/16, откако претходните 23 години тоа беше „Најк“, а договорот кој тогаш го потпиша англискиот клуб изнесуваше 750 милиони фунти, што беше рекорд во тоа време.
„Новиот договор го зголемува фокусот врз женската екипа на Манчестер јунајтед од нејзиното повторно формирање во 2018 година, наведе англискиот клуб во заедничкото соопштение со „Адидас“.
Новиот договор со „Адидас“ е со важност до јуни 2025 година.