Трагични вести денеска почнаа да се шират од Италија дека фудбалскиот агент Мино Рајола починал.
Шокот стана уште поголем откако почнаа да се јавуваат деманти на оваа вест, од луѓе блиски до Раиола кои тврдат дека неговата состојба е тешка, но дека агентот на Ибрахимовиќ, Погба и на уште многу фудбалски суперѕвезди се уште е жив.
Прв што јавно прокоментира на оваа тема е претседателот на Џенова, Алберто Зангрилјо.
– Мино не е мртов, тој се бори… Навистина ми се гади од оние кои се појавија со шпекулации дека човекот е мртов. Најстрашно е да прогласите за умрен човек што толку силно се бори за живот, изјави Зангрилјо.