Серхио Агуеро поради срцеви проблеми мораше предвреме да ја заврши кариерата и да се пензионира, иако пред извесен период пристигна во редовите на Барселона и во него се гледаше големо засилување.
На мечот со Алавес, фудбалерот почувствува тегоби и не можеше да дише, па предвреме беше заменет. Лекарските прегледи утврдија срцева маана со која тој не смееше да продолжи да игра, па на прес-конференција објави дека заминува во пензија.
Аргентинецот веќе има четири понуди на маса. Првата е од Манчестер Сити, неговиот поранешен клуб на кој со историски гол во мечот со КПР му донесе титула. Понудата е да биде амбасадор на клубот. Исто така го бараат и од Аргентина каде има отворена понуда да биде помошник на селекторот Скалони, третата е да работи со младински категории, додека четвртата е да биде стручен коментатор во една голема ТВ-куќа.
Агуеро покрај за Барселона и Манчестер Сити во кариерата играше уште и за Атлетико Мадрид и Индепендјенте.