Напаѓачот Серхио Агуеро го продолжи договорот со англискиот шампион Манчестер Сити за една година. Тој ќе остане во клубот барем до 2021 година.
Триесетгодишниот Аргентинец се приклучи на „граѓаните“ во 2011 година од шпански Атлетико Мадрид за 38 милиони фунти.
Од почетокот на престојот, Агуеро е фундаментален дел од успехот на Сити, успевајќи да подигне три титули во Премиер Лигата и три Лига Купа.
Агуеро е рекордер по голови за „небесносините“ со 204 гола, вклучувајќи и оној во дополнителното време против Квинс Парк Ренџерс за успехот со 3:2, со кој тимот си ја обезбеди првата шампионска титула на Англија под раководство на Катарските шеици, кои пристигнаа во 2008 година.