Шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе излезе како победник од трката по Серхио Агуеро откако Хоан Лапорта го убедил аргентинскиот голгетер да дојде во Каталонија.
Агуеро е еден од неколкуте врвни фудбалери кои се достапни без никаква отштета на пазарот, а неговиот ангажман беше приоритет за Лапорта пред се поради фактот дека станува збор за играч кој е близок пријател со Лионел Меси.
Според каталонските медиуми се очекува во следните денови Аргентинецот и официјално да го стави потписот на договорот, со што ќе мине следните две години во дресот на Барселона.