Аргентинската ѕвезда на Манчестер сити, Серхио Агуеро во овие две недели нема да има ангажман, зошто нема да игра за својата репрезентација, па одморот и триумфот во градското дерби со Манчестер јунајтед реши – жестоко да го прослави!
Агуеро замина во Лос Анџелес и во ноќниот клуб „Пеперминт“ бил со четири девојки, со кои лудо се забавувал, ама забавата потоа продолжила и на друго место. Агуеро во автомобилот ги качил сите четири „бомби“ и заминал доцна во ноќта на непозната локација. Со него биле и неколкумина членови на обезбедувањето.
Инаку за целото време Агуеро не ја тргал насмевката од лицето, покажувајќи дека му годи слободата, откако ја прекина врската со Карина Теједа, а тој има син Бенџамин со една од ќерките на Диего Марадона, но пред две години се разведе.
Јавноста после жешката забава со четирите девојки може само да нагаѓа како завршила ноќта во „градот на ангелите“.