четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ајакс го отпушти тренерот Шројдер

Ајакс го отпушти тренерот Шројдер

Актуелниот холандски фудбалски шампион Ајакс му врачи отказ на тренерот Алфред Шројдер поради „разочарувачки резултати“, соопшти клубот од Амстердам.

Шројдер, кој минатото лето го презеде Ајакс кога екипата ја напушти Ерик тен Хаг, е разрешен од должноста по синоќешното реми против Волендам (1-1) и серијата од седум натпревари без победа во холандското првенство.

-Тоа беше болна, но неопходна одлука. Верувавме дека Алфред може да ги промени работите. Ни стана јасно дека тоа нема да се случи, изјави директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Ајакс е петтопласиран на табелата во Холандија со седум бодови помалку зад водечкиот Феенорд. (МИА)