недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ајакс за 31 милиони евра го врати Бергвијн од Тотенхем

Ајакс за 31 милиони евра го врати Бергвијн од Тотенхем

Ајакс од Амстердам го донесе од Тотенхем холандскиот крилен напаѓач Стивен Бергвијн за сума од 31.25 милиони евра, соопштија денеска двата клуба.

Бергвијн, кој е роден во Амстердам, потпиша петгодишен договор за враќање во холандскиот клуб во кој претходно ја мина неговата академија пред да му се приклучи на ПСВ Ајндховен во 2011 година.

– Тој е играч со многу квалитети. Среќен сум што успеавме да потпишеме со него. Тој додава нов квалитет во нашата екипа, изјави тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер.

Бергвијн го носеше дресот на Тотенхем од 2020 година, но изминатата сезона не успеа да избори место во првиот тим, одигрувајќи само во два наврати полни 90 минути во Премиер лигата.