четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Академија Пандев се засили со аргентински фудбалер

Академија Пандев се засили со аргентински фудбалер

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев се засили за продолжение на сезоната со аргентинскиот фудбалер Федерико Акоста.

Новото јужноамериканско засилување на струмичкиот прволигаш е 26-годишен централен дефанзивец, кој претходно во кариерата настапувал за италијански нисколигаши.

Акоста доаѓа во редовите на Академија Пандев од редовите на Бавено.

По воведните четири кола во новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига фудбалерите на Академија Пандев се шестопласирани со четири бодови. (МИА)