Екипата на Лехија дојде до втора победа над Академија Пандев овој пат во Скопје со 1-2 и така го продолжува европскиот пат во Конференциската лига на УЕФА и оди во второто квалификациско коло од натпреварувањето.
Елиминацијата на македонскиот тим донекаде е очекувана, затоа што полскиот претставник е далеку поквалитетен и важеше за голем фаворит на хартија, па не дозволи сензација.
Гајос во 37-та ио Питржак во 82-та минута беа стрелци на головите за гостите додека почесниот погодок за нашиот тим беше дело на Митровски.
Полјаците победија и на првата средба на свој терен и тоа убедливо со 4-1.