четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ако Салах, сепак, прифати да оди во С. Арабија, тогаш ќе биде подобро платен од Роналдо

Ако Салах, сепак, прифати да оди во С. Арабија, тогаш ќе биде подобро платен од Роналдо

По сите шпекулации деновиве околу неговата продажба во Саудиска Арабија, извори блиски на Ливерпул тврдат дека многу е мала веројатноста Мохамед Салах летово да замине на Блискиот исток. Ако тоа, сепак, успее да се случи, тогаш Египќанецот ќе стане поплатен фудбалер од првата ѕвезда на европскиот фудбал која замина во оваа земја, Португалецот Роналдо.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал (М) заработува 173 милиони фунти годишно во Ал Наср, а за разлика од него, Салах има верени над 200 милиони фунти. Заминувањето на Салах би бил најголемиот хит на летниоот трансфер пазар.

Ливерпул веќе одби да му даде дозвола на Салах се пресели во Саудиска Арабија ова лето и веројатно тоа ќе остане така и во следниот период.