Подолго време Милан преговара со Рафаел Леао за продолжување на соработката, „росонерите“ му понудија три пати поголема плата, но Леао сака повеќе.
Понудените 4.5 милиони евра за Леао не се доволни. Неколку големи клубови покажаа интерес да го доведат во своите редови. Информации од Италија говорат дека Милан е спремен да оди до максимални шест милиони евра за да ја продолжи соработката.
Додека траат преговорите еден навивач преку социјалните мрежи испрати порака до напаѓачот. Набрзо доби и одговор од Леао кој со неколку емоџи го замоли да не прави такви работи.
Se non rinnova Leão mi appendo al lampadario
Ti prego @RafaeLeao7 pago io lo stipendio
— LP #19 🏆🇮🇹 (@iamLP9) July 14, 2022
Se non rinnova Leão mi taglio la gamba pic.twitter.com/oqBkuJZteW
— Gabriele (@gabbocin) July 14, 2022