петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал Хилал го раскина договорот со Џани Алиоски

Ал Хилал го раскина договорот со Џани Алиоски

Во новата сезона во оваа земја, делуваше дека цветаат ружи за македонскиот репрезентативен бек Џани Алиоски кој се врати во Ал Ахли по позајмицата во Фенербахче и набрзо се здружи со сите нови ѕвездени засилувања: Ријад Марез, Роберто Фирмино, Франк Кеси, Едуар Менди, Роџер Ибањез.

Француски извор од саудиската професионална лига соопшти дека Ал Ахли го раскинал договорот со Алиоски кој сега има само една недела до крајот од преодниот рок во Европа да најде нов тим.

Триесет и едногодишниот Алиоски во двата мандати одигра 31 натпревар за Ал-Ахли и постигна шест гола со неколку асистенции. Претходно Џани играше за Шафхаузен, Лугано, Лидс Јунајтед и Фенербахче.