Новинарот Фабрицио Романо вели дека Aл Хилал му понудил на Лео Меси преку 400 милиони евра по сезона за да се пресели во Саудиска Арабија, сепак приоритет на Аргентинецот е продолжување во Европа.
Како што пренесува Фабрицио Романо, од Ал Хилал испратиле официјална понуда до Лео Меси вредна преку 400 милиони евра по сезона, односно двојно повеќе од она што го заработува ЦР7.
Сепак, приоритет на Лео Меси е да продолжи во Европа.
Фабрицио Романо додава дека Барселона чека да види како ќе стои со ФФП пред да достави конкретен предлог, додека пак во моментов понудата на ПСЖ не е прифатлива за Аргентинецот.