сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал-Келаифи: Следната недела ќе ги објавам сите промени

Ал-Келаифи: Следната недела ќе ги објавам сите промени

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи откри дека сите промени во клубот ќе бидат објавени следната недела.

– Мислам дека следната недела ќе ги објавам сите промени, ќе разговарам за новиот проект и понатамошните планови. Во моментов главен тренер на тимот е Маурисио Покетино, го почитуваме. Ќе знаете сè следната недела, изјави Ал-Келаифи за „RMC Sport“.

На 21 мај, ПСЖ го објави потпишувањето на нов договор со напаѓачот Килијан Мбапе. Според локалните медиуми, на фудбалерот му бил понуден бонус за потпис од 300 милиони евра и плата од 100 милиони годишно.

ПСЖ во сезоната 2021/22 ја освои шампионската титула во Франција, но уште еднаш не ги исполни очекувањата на своите навивачи за триумф во Лигата на шампионите. (МИА)