Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи зборувал на повеќе актуелни теми во интервјуто за „Марка“, но засега избегнува да ги потврди шпекулациите дека Маурисио Покетино е веќе минато и ќе биде заменет со досегашниот тренер на Ница.
Повторно темата „Мбапе“ предизвика посебно внимание, а Ал Келаифи тврди дека Французинот никогаш нема донесено одлука да го напушти ПСЖ.
– Не знам што велат од Реал Мадрид, но јас одамна знаев дека Мбапе сака да остане во ПСЖ.
– Минатото лето одбив 180 милиони евра, многумина ми велеа дека сум луд бидејќи ова лето можеше да замине без отштета, но јас го направив тоа бидејќи знаев дека парите не му се приоритет на Килијан. Знам дека во Реал се разочарани, но не е фер да го критикуваат Мбапе на таков начин, – вели претседателот на ПСЖ.
Тој бил прашан и за проектот „Суперлига“, во кој останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
– За мене проектот е мртов, но исто така е многу чудно што Реал го освои натпреварувањето во кое не сака да игра. Ако не се сте задоволни, не играјте. Ова е најдобро натпреварување во светот и не знам зошто шпанските клубови се против него, – вели Ал Келаифи.