среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ал-Сад не сака пари, постави само ЕДЕН УСЛОВ за да го пушти Чави

Ал-Сад не сака пари, постави само ЕДЕН УСЛОВ за да го пушти Чави

Барселона води преговори со Ал-Сад околу доведувањето на Чави Хернандез на тренерската позиција.

Катарскиот клуб не сака така лесно да го пушти својот предводник. Меѓутоа, според пишувањата на шпанските медиуми, парите не се проблем во разговорите меѓу двете страни.

Се очекуваше Каталонците да платат десет милиони евра, но на крај Ал-Сад постави изненадувачки услов. Планот на управата е да ја убеди Барса да се согласи на пријателски меч во иднина. Тие сметаат дека тоа е подобро, од добивање паричен надоместок за младиот шпански стратег.

Нема сомнеж дека Чави наскоро ќе го води поранешниот клуб. Останува само да се договорат деталите за да биде потврден неговиот кам-бек на „Камп Ноу“.