недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алаба и Крос открија како потпишале за Баерн: Секогаш истиот трик

Алаба и Крос открија како потпишале за Баерн: Секогаш истиот трик

Тони Крос и сезонава има проблеми со повредите, но тоа не го спречува да му асистира на својот брат Феликс во реализација на подкастот каде се зборува на фудбалски теми.

Браќата Крос често имаат и популарни гости, а во последната епизода тоа бил Давид Алаба, фудбалерот кој ова лето дојде од Баерн Минхен, по истиот пат по кој одеше и Крос.

Алаба и Крос се согласиле дека Баерн има иста метода за убедување на младите фудбалери да потпишат за овој гигант.

– Имав само 15 години, понуди од неколку австриски, па и англиски тимови.

– Баерн на крајот сепак беше најупорен и не попушташе, а клубот ме повика во Минхен да се уверам со свои очи што ме очекува. Вернер Керн (важен член на младинската академија) комуницираше со татко ми, подоцна не собра од аеродром и отидовме во клубот. Веднаш се заљубив во Баерн и немав дилема каде сакам да продолжам, – изјавил Алаба.

– Значи секогаш истиот трик. И нас Керн не превезе од аеродром во луксузен хотел, а потоа бевме гости на натпревар од Лигата на шампионите. Не можев да ги одбијам, – дополнил Тони Крос.