Австрискиот репрезентативец, Давид Алаба од оваа сезона го гледаме во нова средина и тоа во таборот на Реал Мадрид во кој се пресели како слободен фудбалер, односно откако му заврши договорот со Баерн Минхен.
Многумина не ја разбраа оваа одлука на Алаба кој имаше се во Минхен, беше стандарден првотимец, освојуваше титули, неговата екипа постојано е конкурентна и во Лигата на шампионите, но дефанзивецот се одлучи да проба нешто нови и заврши на „Сантијаго Бернабеу“
-По 13 години во истиот клуб, се прашував што да правам понатаму. Минатата сезона беше најдобра во историјата на Баерн, со дури шест освоени трофеи, а јас се прашував што сакам да правам понатаму. На крајот решив да ја променам средината и да се соочам со нови предизвици во новата средина што не е лесен пат, -истакна Давид за магазинот „GQ“.
-Кога ќе почнете да тренирате фудбал, веќе знаете дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Не бев изненаден што пристигнав овде, тоа отсекогаш ми била желба. Ако сте вредни и целосно посветени на фудбалот, секогаш можете да се стремите кон највисоките цели дури и ако тоа е Реал Мадрид, -дополни Алаба кој досега за „кралевите“во Ла Лига има дадено еден гол и запишано три асистенции.