среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алардајс нов тренер на Вест Бромвич Албион

Алардајс нов тренер на Вест Бромвич Албион

Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс е наследникот на Хрватот Славен Билиќ на клупата на Вест Бромвич Албион, (ВБА) соопшти вечерва официјално премиерлигашот од Бирмингем.

Алардајс (66) потпиша договор на 18 месеци, а ВБА е негов прв клуб што ќе го води од мај 2018 година кога замина од клупата на Евертон.

Новиот тренер на ВБА во минатото ги водеше екипите на Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Сандерленд и Кристал Палас.

Алардајс во 2016 година беше назначен за селектор на Англија, но остана на должноста само 67 денови и беше принуден да поднесе оставка, поради вмешаност во скандал околу продажба на фудбалери. (МИА)