вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алардајс: Руни не зборувал со мене за заминување од Евертон

Алардајс: Руни не зборувал со мене за заминување од Евертон

Менаџерот на Евертон Сем Алардајс тврди дека Вејн Руни не прашал за дозвола да оди во САД и дека не постои конфликт меѓу нив.

Британските медиуми објавија дека англискиот фудбалер во принцип се договорил со тимот од Вашингтон, Ди-Си Јунајтед за да се пресели во клубот од МЛС, но Алардајс изјави дека не разговарал со него на оваа тема.

– Јас немам никаков проблем да разговарам со секој играч на темата за негово заминување од клубот, но сакам да појаснам дека Руни не ме праша за да го напушти Евертон, ниту пак постои каков било конфликт меѓу него и мене, изјави Алардајс, јавува „Скај Спорт“.

Како што рече, „Биг Сем“ слушнал дека постои шанса Руни да замине во САД, но дека нешто повеќе на оваа тема ќе знае кога во текот на денот ќе зборува со Руни.

– Јас слушнав приказни дека Руни е подготвен за заминување во САД, но колку е точно тоа, ќе знам дури кога ќе зборувам со него. Не знам ништо повеќе и мислам дека двајцата сме возрасни и зрели личности подготвени за дијалог на било која тема, додаде Алардајс.

Руни ја започна својата кариера во Евертон, но најголемиот дел од својата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, од каде се врати минатото лето во трансфер, во кој беше вклучен Ромелу Лукаку.