Натпреварот во Алавес заврши без голови, реваншот во Валенсија требаше да го даде патникот во Ла Лига. Исто како и на првиот меч беше сиромашно со голови.
Натпреварот во регуларниот тек заврши 0-0, по што мечот отиде во продолженија. Кога сите очекуваа дека пеналите ќе го решат мечот, го реши само еден шут од белата точка.
Во самиот финиш беше досуден пенал за Алавес откако топката го удри Роберт Пјер во рака. Судијата проверуваше дури шест минути пред да одлучи да покаже на белата точка.
Вилјалибре беше прецизен од пеналот и донесе огромна радост за Алавес и големо разочарување кај навивачите и фудбалерите на Леванте кој и следната сезона ќе ја минат во втората лига.
Алавес е последниот патник во Примера, претходно директно таму се пласираа Гранада и Лас Палмас.
Enhorabuena! @Alaves pic.twitter.com/Z2MiIJ5Gzj
— Adrián Ros (@AdrianRos21) June 17, 2023