сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри: Фудбалот губи извонреден играч

Алегри: Фудбалот губи извонреден играч

По скандалот со допинг тестот на кој два пати паѓаше Пол Погба, во Јувентус веќе сфаќаат дека го губат и дека тој мора да се пензионира.

Човечки гледано тоа ми пречи многу, бидејки со Пол сум доста близок. Фудбалот губи извонреден фудбалер кој беше поразличен од останатите. Да ја сочекаме казната и да видиме. Ова сите не растажи, се надеваме за најдоброто за него, воопшто не му е лесно на психички план“, порача Максимилијано Алегри.

Францускиот фудбалер откако падна на вториот допинг тест, стана јасно дека ќе добие повеќе годишна суспензија и дека неговата кариера скоро сигурно оди во неповрат.Последните информации се дека францускиот фудбалер би можел да биде суспендиран на четири години, а со тоа практично завршена и неговата кариера.