четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Чеферин: Околу навивачите на ЕП ,конечната одлука на 20-ти април

Александар Чеферин: Околу навивачите на ЕП ,конечната одлука на 20-ти април

Европската куќа на фудбалот УЕФА донесе конечна одлука на 20.април за тоа дали ќе може фудбалските натпребари да се играат пред публика.

Тоа го соопшти денес претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој се надева дека ќе може да биде дозволено да се наполни 50% од капацитетот на стадионите.

„Определивме краен рок од 20-ти април за конечна одлука што се однесува до фановите на ЕП. Идеалното сценарио е турнирот да се одигра на 12 стадиони, но ако тоа не е можно, тогаш ќе се игра во 10 држави“, изјави Чеферин.

Организаторите на Европското првенство ќе разгледуваат три сценарија – капацитет од 50, 30 или 20% од максималниот капацитет, како и одигрување на натпреварите без публика.

.